Вторник, 21 2013

Македонски (Macedonian)English (United Kingdom)
Локација: Историја и Идеологија Интервјуа

ЕКСКЛУЗИВНО: Интервју со авторот на „ПАНДЕМОНИЈА“

Македонска Искра“ има ексклузивно интервју со италијанскиот кантавтор Alberto Caccia, кој ја напиша песната Pandemonio Sarà, посветена на нашиот најдобар фудбалер Горан Пандев.

Македонска Искра: Која беше причината за да ја напишете на оваа песна?

Интервју: Нада Бошковска, професор на Универзитетот во Цирих

Г-ѓо Бошковска, Вие сте професор по историја на Источна Европа на универзитет во Цирих. Живеете во Швајцарија и сигурно ги следите настаните во Македонија. Според Вас, дали македонските власти ги преземаат вистинските потези државата да ја надмине транзициската криза?

Разговор со сер Мартин Гилберт, еден од најголемите живи историчари во светот

Историја е она што се случило вчера или утринава

Македонија не треба да го менува името!

Георг Вон Хабсбург е втор син и најмлад од сите 7 деца на последниот крунисан принц на монархијата, Ото Вон Хабсбург и Принцезата Реџина од Мајнинген. Роден е 1964 година и сопруг на Војвотката Илика Хелена од Олденбург со која имаат три деца. Овој брак всушност е единствениот и последен во семејството Хабсбург склопен според законите на нивната династија. Семејството Хабсбург секогаш биле силни поддржувачи на проширувањето на Европската унија.


Христос Сидеропулос , борец за човекови права

 

Христос Сидеропулос е претседател на Македонското движење за човекови права што работи во Грција. На прославата по повод 55 - годишнината од граѓанската војна во Грција тој ги обвини бегалците дека половината од нив само се жалат на судбината и дека ништо не сториле за да ги добијат правата.


Интервју со Џорџ Митревски - Македонец славист во САД

Ѓорѓи Митревски е Македонец, роден во селото Подмочани, Преспа. Негова специјалност се славистика и англиски јазик и литература.

 

Македонецот Дејан Зафиров кој го освојува светот со својот велосипед

МИ: Само што се вративте од Кина ,како е чуството да се извози најбројната држава во светот?

Дејан З: Многу убави спомени останаа од патувањето во Кина. Многу гостопримливи луѓе и чуството на безбедност ме правеа да се чуствувам многу удобно. Јас успеав да извозам 4000 км. како што беше и замислено. Од Хонг Конг до Пекинг поминувајќи низ најгустонаселениот дел од Кина. Чуството е прекрасно, се осеќам збогатен со многу искуства, стекнав многу нови пријатели и сега можам слободно да се посветам на наредните предизвици.

Разговор со Елијас Петропулос за македонско - грчките прашања

Грчкиот писател Елијас Петропулос кои пред дваесет години ја напушти Грција и живее во Париз ги анализира корените на грчката параноја и шовинизам


Средбата со Елијас Петропулос, грчки поет и писател во егзил се совпада во деновите на Митингот во Солун - последниот масовен израз на шовинизмот во Грција. Додека француските информативни средства и медиуми донесуваат информации за митингот во исто време, во просториите на Националниот институте за ориентални јазици и цивилизации во Париз се одржуваше  историско-теоретска дебата посветена на последниот број на познатата ревија “Отрман” која објави импозантен зборник од трудовите и архивските фотографии за Солун во чест на петстогодишнината од масовното доселување на Евреите во овој град некогашен “европски будилник на Балканот”.

Во познатството имаше судбинска непосредност. “ На моите соседи (како Македонци и Парижани) од срце – ја напиша следната посвета на една од неговите книги прифаќаки ја поканата за разговор.

Тргнувајки од фактот што преку еден разговор не може да се реши судбината на било кој народ, си ја допуштив смелоста да ја “вознемирам” осаменичката душа на творецот, единствено мотивирана од желбата да го поделам познанството со овој  со сите оние читатели кои веруваат и признаваат една единствена сила – силата на духот.

За себе вели дека не припаѓа никому и дека единствениот водич му е работата.

Која е тајната на вашиот егзил?

Слободата. Слободата да пишувам без фобија. Слободата да објавувам без кривични прогони. Повеќе пати бев осудуван и затворан за моите дела. Отсекогаш сакав да заминам од Грција за да можам да дишам. Успеав да го сторам тоа во 1975 година и оттогаш не сум се вратил.

Јас работам секогаш врз теми кое што блазираните “интелектуалци” ги заобиколуваат и мразат. Поради тоа работам без библиографија. Значи јас сум обврзан да ја користам мојата  меморија. Ја користан неа како трезор на податоци.

Вашиот прекрасен есеј за носталгија за Солун со сликата на грчката окупација  на овој град во 1912 год. Што е главната содржина на вашите спомени?

Мојата фамилија се “искачи” од Атина во Солун, бидејки мојот татко, како државен службеник по наредба требаше да замине во Северна Грција. Тоа беше 30-сетите години, време кога Солун се уште беше еден голем мултинационален град, во кој беше доминантен еврејскиот елемент. Моите спомени од тоа време се врзани за едно шаренило од најразлични народи, со нивните различни јазици. Во Солун не егзистираше гето. Етничките заедници беа организирани во различни маала, околу една црква, џамија или синагога и во различитите професии карактеристични за секоја оделна група, Евреи, Грци, Албанци, Македонци, Ермени, Бугари, Срби, Ароманци (Власи), Лазини (гркофони и туркофони), Караманлии (ортодоксни туркофони од Анатолија), Донми (исламизирани Евреи) Франколевантици.

По поделбата на Македонија оваа балканска метропола се претворила во провинциски град?

Да, од оној момент кога Солун го изгуби просторот од кој ги извлекуваше своите богаства пропадна во една мизерија. На пример пред балканските војни и пред 1. светска војна пристаништата во Солун беа полни со странски бродови. По 1930 г. за странските бродови не постоеше причина да пристануваат во Солун. По оваа загуба на овој балкански простор  еве уште еден смртен удар за  Солун; околу 40 000 Евреи го напуштија Солун.

Вие сте реагирале и пишувале против официјалниот грчки шовинизам. Како ја објаснувата неговата појава?

Совренениот грчки расизам или шовинизам доаѓа во најголема мера од образованието што ги води грчките деца кон една параноична конфронтација со балканската реалност. Потребна е една тешка и долга борба против расизмот, кој се преставува во различни маски. Верувам дека најдобар лек против неговата појава  е длабокото запознавање меѓу народите. Си спомнувам за писмото што &  го испратив на Грчкиот министер за култура Мелина Меркури, во кое ја обвинив за тоа што организира експедиција на археолози за да ги транспортираат  последните богомилски гробови од територијата на Македонија, за да докаже дека Словените никогаш не  стапнале на грчка територија . Јас лично со мои очи  сум ги видел и објавив фотографии во Атина и Париз.

Се разбира госпоѓата министерка, псевдо социјалист-демократска никогаш не одговори ниту на моето официјално писмо ниту на моите написи. И така таа “докажа” дека Словените никогаш не стапнале на “светата земја Грција”!

Еден од најтрагичните периоди на Грција е периодот на граѓанската војна (1946-49). Вашите спомени од тој период?

Ох! 1990 г. ја објавив мојата книга  “Лешеви, лешеви, лешеви” каде зборувам за германската окупација (1941-44) и за граѓанската војна 1946/49 г. Комунистичкото движење во Грција беше загушено во крв. Но, најтешкиот период за грчката левица беше всушност криптодиктатурата на Карамалис 1955/63 г. и никако граѓанската војна и не диктатурата на полковниците како што мислат Европејците.

Политикантот Караманлис е убиец на нашата култура,  а Елитис руча со него.

Дали ви е познат фактот дека околу 28 илијади деца по граѓанската војна беа раселени низ светот?

Познат ми е добро овој проблем. Но тие украдени деца не беа само од Македонија, зошто не беше мал бројот и на грчките деца од различни региони на Грција. Но има и една друга страшно болна вистина; монархофашистите под заштита на  кралицата Фредерика насилно ги одземаа децата од групите кои требаше отпатуваат и ги затвараа во посебни  школи – затвори  кои постоеја насекаде во Грција од Солун до Родос. Сите овие деца беа предодредени да се претворат во  преторијанска  гарда и во јаничари.

Како го третирате падот на демократската армија и на генерал Маркос, кој неодамна почина?

Тоа е сложено прашање на кое може да се одговори во книга. Денес знаеме многу добро дека  Сталин ги остави на милост и немилост грчките партизани и дека Тито исто така ја прекина помошта кон демократската армија . Го знаеме и тоа дека во 1949 г. Тито ја остави грчката армија на монархофашистите да влезат во територијата на Југославија за да ги фатат партизаните  од зад грб. Маркос за време на окупацијата и граѓанската војна играше добра улога. Мислам дека беше чесен човек, но и тој не успе да го стопира методот на комунистите за политички ликвидации.

Кои се вашите спомени од  периодот на воената хунтата во Грција?

Диктатурата на полковниците беше трагична, но таа беше повеќе смешна од колку опасна. Да, секако тортурара постоеше тоа на сите им е познато. Но,  тврдам дека имаше многу повеќе тортура пред полковниците во времето на Караманлис.Тогаш имаше една специфика. Караманлис ги тортураше само левичарите. Кога Падопулос, водачот на хунтата се осмели да ги тортура и оние од десницата, буржуазијата се најде изненадена од употребата на старата класична тортура врз самата себе си. Значи споредбата не воведува во иронија. Во Грција тортурата никогаш не престанала. Затоа никогаш во мојот живот не сум поверувал, не верувам и денес дека буржуазијта е наивна.

Конфликтот меѓу ортодоксниот клер и повеќе грчки уметници е присутен во 20 век – примерите со Казанзакис, последниот филм на Ангелопулос…Кое е вашето лично искуство во овој домен?

Извесни метрополити, воаери од неоправославното движење се обидоа да ги тероризираат Ангелопулос и други исто така  добри синеаисти, како Фрида Лјана. Кавгата на Казанзакис со црквата не е сериозна афера – тој не беше никогаш револуционер – на неговиот гбр има крст од 10 метри. Случаите на Роидис, Ласкаратос беа многу по сериозни и затоа овие двајцата беа забранети. Роидис е можеби најзначајниот и најкултивираниот грчки писател.

Сведоци сме денес на една масовна манифестација на грчкиот шовинизам на организираниот митинг во Солун насочен против интернационалното признавање на Република Македонија, некогашната  југословенска република. Како гледате на овој проблем?

Големиот “народен” митинг во Солун (организиран од сите политички партии!!!) е една манифестација опасна и шовинистичка. Жителите на Солун не знаат (или играат дека не знаат) што се тоа Славомакедонци чие име отсекогаш сме го употребувале. Ако не постојат немаше да има име за нив. Манифестацијата од продадените професори на Университетот прават с# за да го докажат “грцизмот” на Македонија кога не се во позиција да го докажат сами нивниот личен грцизам.

Ова го велам намерно за Караманлис, кој го зборува нашиот јазик на еден ужасен начин (мислам дека мајка му зборуваше словенски диалект, а татко му турски) а исто така и  за археологот Манолис Андроникоглу или нешто слично…), како и за сите други “Грци” од вчера кои од комлекс на инфериорност играат супер патриоти и држат лексии по патриотизам.

Претседателот на Република Грција Константин Караманлис од почетокот на годинава пишува писма до своите европски партнери за да го сврти нивното внимание кон прашањето на Македонија, каде е роден. Европа ќе го послуша или не?

Потписот на Караманлис не важи во Европа. Европа минува еден период на транспозиција на болна промена и тоа ги усложува балканските проблеми.

Грција без да има една стратегија на национална политика се обидува да дејствува со многу нервозни и грозничави дипломатски мерки, наместо да започне да воспоставува хармонија. Мислам дека Грција ја изгуби војната однапред. Она што доминира во регионот  меѓу Балканот, Црното Море и Каспиското Море е Турција, која со една неворојатна брзина ќе стане голема сила.

Насловна страница на списанието “Малцинствата во Грција” објавено неодамна во Атина во кое се спомнува дека “Славомакедонците” се трета група по бројност.

Грчките политичари не се способни да мислат за новите перспективи и доминирани единствено од нивната ништожна тактика се препуштени на игрите на национализмот и расизмот. Грчката влада ја среќаваше  Државата Македонија во многу интернационални комуникации, но сега дојде мигот во кој тие го негираат постоењето на таа држава. Грчката влада е исто така слепа како за надворешните, така и за внатрешните проблеми.

Ќе речам дека можеби не сме далеку од денот кога Критјаните ќе побараат независност на Крит.

Што значи за вас Македонија?

Курдите се движат меѓу  Ерманија и Месопотанија, пред епохата на Ксенофон. Курдите не успеаја да имаат свој дом. Но Македонците  успеаја да создадат своја држава. Новите Грци мислат дека се наследници на античка Грција и на Визандија и дека тие имаат право да го користат како монопол името “Македонија”. Тие инсистираат да се вика Истамбул Констандинопол…

Моите сонародници се обврзани да пијат уште многу горчливи чаши.


Разговорот го водеше: Лилјана КОТЕВСКА

14 Март 1992 г. ЕПОХА ( стр. 34-36)

Ердоѓан Ознал: Македонија не е Грција!

Во 1993 година турскиот генерал Ердоѓан Ознал како раководител на Националното воено здружение на Турција учествува на симпозиум за Балканските војни во Грција. На брошури, книги, на транспаренти по ридовите на Атина, секаде гледал и слушал иста реченица: "Македонија е Грција". Иритиран, пред 150 присутни на симпозиумот рекол: "Македонија не е Грција". По враќањето во Турција ја пишува книгата во која покажува дека Македонија не е Грција ни историски, ни географски, ниту пак етнички.

Не можам да ги поднесам лагите и невистините за Македонската држава

Избор од Архивата
Интервју со Ханс Лотар Штепан - поранешен амбасадор на Германија во Македонија

Интервју со Проф. д-р Влоѓимјеж Пјанка

 Избор од архивата

Интервју со Проф. д-р Влоѓимјеж Пјанка

– за посебноста на македонскиот јазик 

 

Грк од САД за Македонија и нејзиното име

Поучно блог интервју со George Stathopoulos кој е со грчко потекло и живее во САД. За Македонија тој вели дека исто како и многу други Грци кои живеат во САД, го подржува нејзиниот засебен идентитет и историски потврдените разлики.

Поврзани наслови